Шефот на Ризин: ММА има потреба од нови ѕвезди

Nobujuki sakakibara

Шефот на Ризин, Нобујуки Сакакибара изјави дека има голема желба да ги врати јапонските боречки спортови на врвов што тие го заземаа пред години.

Пред некое време Сакакибара успеа да го издигне Прајд до сериозна висина, а со него и борците од Јапонија. Сега тој сака да го повтори истото.

„Пред сè, треба ново моделирање на јапонскиот пазар. Во моментов е заспан. Јапонскиот пазар не е толку голем, но не е и мал. Јапонските навивачи одлично ги познаваат боречките спортови“.

„Не само Ризин, но и сите останати компании во светот имаат потреба од нова икона, од нова ѕвезда. Вондерлеј Силва и Федор имаат големи имиња, но мора да создадеме нови ликови – помлади, поагресивни, кои ќе ги тераат фановите да бидат заинтересирани нивните мечеви. Треба да го направиме тоа што е можно поскоро“.

„Веќе имам во предвид неколку борци кои имаат шанси. Сакам да и дадам можност на повеќе млади луѓе. Оваа година е многу важна. Имаме три настани, а сите тие се насочени кон јапонскиот пазар. Ни треба повеќе внимание – како од Јапонија, така и од странство“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО