Шавкат Рахмонов и Келвин Гастелум се договорија пресметка во септември

Американскиот борец Келвин Гастелум (17-8, 1 НЦ) има само две победи во последните седум натпревари, а последната ја оставри во април на настанот УФЦ 287 кога со едногласна одлука го победи Крис Картис.

Сега Гастелум се врати во полусредна категорија, а УФЦ веднаш му договори меч против Шавкат Рахмонов.

Борбата ќе се одржи на 16 септември на настанот Фајт најт во Т-Мобиле арената на чие чело е мечот меѓу Алекса Грасо и Валентина Шевченко.

Американецот последниот меч во полусредна категорија го имаше во 2016 година кога со едногласна одлука го победи Џони Хендрикс.

Непоразениот казахстански борец Шавкат Рахмонов има 17 победи (8 нокаути и 9 завршници), а до последната стигна во март, кога во третата рунда го победи Џеф Нил со давење од позади.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО