На 21 ноември Final Fight Championship боречката организација го продолжува „ловот“ на млади таленти на последниот квалификациски FFC Futures 4 настан во Пореч, Хрватска, во кик бокс и ММА.
Во кик бокс делот учествуваат двајцата македонски борци, Дејан Станковски и Никола Новески. Станковски е во категоријата до 77 килограми, заедно со: Марко Драговиќ, Марко Чизмиќ, Анди Вртачиќ, Марко Милановиќ, Андрија Станковиќ, Золтан Јонас и Анто Шириќ. Новески е во категоријата до 91 килограм со Драженко Ловриќ, Тони Чатиповиќ, Марин Мрша и Ненад Чосиќ.
Борбите ќе се одржуваат во текот на целиот ден. Во 09:00 часот ќе започнат четвртфиналните борби, а во 12:00 часот на програмата е полуфиналето. Финалето ќе биде достапно за оние што ќе остварат две победи. Стручното жири на ФФЦ изминатите денови ја согледуваше селекцијата на пријавените борци. ФФЦ одлучи во некои категории да им се даде можност на помал број борци, за да се задржи квалитетот.
Победниците четирите „Фјучрси“ колку што и ќе се одржат (Futures winner) ќе изборат настап на ФФЦ Фјучрс 2014 Супер финале, кое треба да се случи на 20 декември во Опатија. Вкупниот победник, односно Фјучрс шампион освен параична награда ќе има и договор со Фајнал фајт во 2015 година.
Целосниот ждреб ќе се објави на почетокот на следната недела.