Балканското првенство за кадети, јуниори и јуниори до 21 година, што се одржа во Софија, Бугарија, викендов беше многу успешно за нашата репрезентација, освои 3 златни медали, 6 сребрени и 17 бронзени медали.
Златни медали за нашата репрезентација освоија: Анастасија Матеска-кати-кадети, ката тимот за јуниорки до 21 година (Маријана Димоска, Мишела Димоска и Искра Каракашоска) и кумите тимот јуниори до 21 година (Стефан Ефремов, Мурсел Мисини, Емануел Ристески, Азиз Исмаил, Виктор Крстевски, Мартин Петрески, Емир Ќосовиќ).
На Балканското првенство учество земаа 784 натпреварувачи од 11 држави: Албанија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Кипар, Македонија, Романија, Србија, Словенија, Хрватска и Турција.
Уште еднаш ви ги претставуваме освојувачите на медали, и на кој клуб му пипаѓаат.
Златни медали:
- Анастасија Матеска (КК Ронин – Прилеп) – кати кадетки индивидуално.
- Ката тим јуниорки до 21 година во состав: Маријана Димоска, Мишела Димоска и Искра Каракашоска.
- Кумите тим јуниори до 21 година во состав: Стефан Ефремов, Мурсел Мисини, Емануел Ристески, Азиз Исмаил, Виктор Крстевски, Мартин Петрески, Емир Ќосовиќ.
Сребрени медали:
- Ферри Исиќ (КК Вардар – Скопје) – кати јуниори индивидуално.
- Мишела Димоска (КК Ронин – Прилеп) – кати јуниорки индивидуално.
- Петар Заборски (КК Макпетрол – Скопје) – кумите јуниори – 76 кг.
- Моника Пендаровска (КК Макпетрол – Скопје) – кумите јуниорки – 53 кг.
- Сара Радичевска (КК Макпетрол – Скопје) – кумите јуниорки – 21 година, – 50 кг.
- Кумите тим јуниори во состав: Петар Заборски, Адил Мехмед, Димитар Илиевски, Доан Османи, Александар Јаниќ, Петар Спасеноски и Андреј Ристески.
Бронзени медали:
- Маријана Димоска (КК Ронин – Прилеп) – кати јуниорки индивидуално.
- Марија Матракоска (КК Ронин – Прилеп) – кати јуниорки – 21 година индивидуално.
- Вероника Костовска (КК Кеикс – Скопје) – кумите кадетки индивидуално – 54 кг.
- Емилјина Јаниќ (КК Олимпик спорт 2007 – Скопје) – кумите кадетки индивидуално +54 кг.
- Илија Андоновиќ (КК Унсу – Куманово) – кумите кадети индивидуално -52 кг.
- Роберто Ацковски (КК Металург – Скопје) – кумите кадети индивидуално -63 кг.
- Христина Ристиќ (КК Ботони – Скопје) – кумите јуниорки индивидуално -48 кг.
- Давид Петков (КК Металург) – кумите јуниори индивидуално -61 кг.
- Андреј Ристески (КК Спорт 94 – Прилеп) – кумите јуниори индивидуално +76 кг.
- Марија Василева (КК Ботони – Скопје) – кумите јуниорки индивидуално -59 кг.
- Марија Спасовска (КК Шампион Крива Паланка) – кумите јуниорки индивидуално -59 кг.
- Орхан Биљали (КК Макпетрол – Скопје) – кумите јуниори – 21 година индивидуално -84 кг.
- Семир Ќосовиќ (КК Металург – Скопје) – кумите јуниори – 21 година индивидуално -84 кг.
- Ката тим кадети – јуниори во состав: Кирил Стојаноски, Дамјан Ристески и Огнен Тодороски.
- Ката тим кадетки – јуниорки во состав: Маријана Димоска, Мишела Димоска и Искра Каракашоска.
- Кумите тим кадетки во состав: Вероника Костовска, Емилија Јаниќ, Ева Блажевска и Драгана Манговска.
- Кумите тим јуниорки до 21 година во состав: Симона Заборска, Сара Радичевска, Драгана Тодоровска и Фатјона Алију.
ipon.mk/В.Д.