Шампионот во две категории на ОНЕ ФЦ сака да се бори со Френсис Нгану

Френсис Нгану продолжува да биде едно од најозборуваните имиња во светот на боречките вештини, овојпат предизвикот доаѓа од ОНЕ Шампионатот и шампионот во тешка и полутешка категорија Анатоли Малихин.

Русинот откри за „Саут Чајна морнинг пост“ дека разговарал со претседателот на ОНЕ Чатри Ситиодонг и тој му дал „зелено светло“ да договори натпревар со најновата ѕвезда на ПФЛ.

„Предаторот“ долго време навестува дека е отворен за соработки меѓу различните организации со оглед на фактот дека нивото меѓу главните синџири се израмнува и љубителите на спортот сè повеќе бараат судири меѓу поединечни шампиони.

Сепак, главниот фокус на Нгану останува на остварување на дебито во боксот од соништата против Тајсон Фјури, но добрата понуда од ОНЕ ФЦ може накратко да го оттргне од тој план.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON