Шампионот Азиз Салиху доби многу битки – сега се бори со непознат противник (ФОТО)

aziz salihu vo bolnica

Освојувачот на бронзениот медал од Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година, Азиз Салиху, денеска е однесен во Истамбул, Турција, по неуспешните обиди на докторите од Инфективно во Приштина.

Aziz vo bolnica vo Istanbul

Тешкашот кој нокаутираше многу противнци, сега има непознат противник кој 47 дена нон-стоп му ја крева температурата. Поради сето ова колосот Азиз е видно ослабен. Од неговото семејство велатр дека го држеле во болница и притоа нема точната дијагноза за причнителот на високата температура. Министерството за здраство на Косово ветило дека ќе ги сноси трошоците за неговото лекување за да се види од што пати  големиот шампион.

„Се недаваме  дека Азиз ќе победи и во ова битка, како што има победено на многу мечеви во рингот“, истакнуваат неговите блиски.

Веруваме дека шампионот ќе ја добие и оваа битка, зашто тој остави голема трага во македонскиот бокс, иако е на реалција Скопје-Приштина. Неговиот боксерски дух се виде на последниот „Златен гонг“, кој од се срце ги бодреше и советеуваше боксерите.

Азиз е добитник на „спортска пензија“ на Агенцијата за млади и спорт на Македонија за остварени врвни резултати.

Азиз Салиху е роден на 1 мај 1954 година во Приштина. Од околу 500 мечеви изгубил полмалку од 30. Кариерата ја започнува 1969 година, а ја завршува 1990.

Резултати:

Првенство на СФРЈ – 10 пати шампион (тешка и супертешка категорија)

Европкси првенства – три бронзи (учествувал седум пати)

Балкански првенства – пет пати најдобар

Медитерански игри – два пати првак

Светски куп – еднаш шампион

Олимписки игри – учестувал три пати (бронзен медал од Лос Анџелес 1984)

Репрезентативец на поранешна Југославија, а во тешка и супертешка категорија настапуваше полни 16 години.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО