Шампион најуспешен македонски кик бокс клуб на „Гранд при БиХ“ (ФОТО)

Шампион е најуспешен македонски клуб на Меѓународниот кик бокс куп „Кик бокс Гранд при БиХ“ во Илиџа кај Сараево, со 7 медали – 4 златни и 3 сребрени. Ианку македонските кикбоксери освоија 22 медали – 7 златни, 9 сребрени и 6 бронзени.

Освојувачи на медали за Шампион се:

Марко Тодоров – Шампион – златен, К1 -63,5, сениори
Енсар Инсеин – Шампион – златен, лоу кик -91 кг, постари јуниори
Туркер Исмаил – Шампион – златен, кик лајт -42 кг, постари кадети
Дамјан Зафировски – (Шампион) – златен

Слаѓан Димиќ – Шампион – сребрен, кик лајт -84 кг, сениори
Миа Тодорова – Шампион – сребрен, К1-70 кг, постари јуниори
Иван Кукуновски – Шампион – сребрен, кик лајт -47 кг, помлади кадети

„Кик бокс клубот Шампион и на ова меѓународно првенство во Босна и Херцеговина Гранд при Сараево се покажа одлично. Сите натпреварувачи од Шампион покажаа голема борбеност во рингот, но би ги издвоил Енсар Исеин, Марко Тодоров и Туркер Исмаил кои покажаа прекрасна техника и доминација над противниците. Воедно, тие се пример за дисциплинираност и исполнителност на тренинзите, а тоа е патот до резултатите“, вели тренерот Дејан Митровски -Урко.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО