Шакур Стивенсон не успеа да влезе во категоријата за утрешната борба. Тој требаше да ги брани титулите против Робсон Консеисао, но поради промашувањето на тежината, на Стивенсон му беа одземени појасите и така само Консеисао ќе се бори за нив. Двајцата се договорија на дуел и покрај околностите.
Стивенсон имаше околу 1 кг. над границата на категоријата супер перо. Организаторите му дадоа дополнителен час за да влезе во тежинската класа, но очигледно од медицински причини, на Стивенсон му беше забрането да намалува повеќе од неговата лична тежина. Тој даде изјава и преку социјалните мрежи во која најави дека сега ќе се бори во лесна категорија.
Unified champion Shakur Stevenson weighed in at 131.6 pounds for tomorrow’s junior lightweight title bout.
That’s 1.6 pounds over championship weight ⚖️ #StevensonConceicao pic.twitter.com/js5BETWQCw
— ESPN Ringside (@ESPNRingside) September 22, 2022
„Дадов се од себе. Цел живот сум професионалец и влегов во тежинска категорија, но телото повеќе не ми дозволува да направам 59 килограми. Здравјето ми е на прво место. Сега ќе се борам во лесна категорија.“
Покрај тоа што ќе му ги одземат појасите, Стивенсон ќе биде казнет и со парична казна што треба да ја плати за борбата.
Со најавеното преместување кон лесните, таму ќе стане навистина жешко. Стивенсон ќе го додаде своето име во можеби најелитната дивизија во светскиот бокс, каде што се борат Дејвин Хејни, Васил Ломаченко, Џервонта Дејвис, Џорџ Камбосос и еден куп други врвни борци.