Шакур Стивенсон го нокаутира Џамел Херинг во долгоочекуваниот дуел за светската титула на ВБО во суперперо категорија.
24-годишниот предизвикувач Стивенсон прикажа одличен бокс против 11-годишни постариот шампион во Атланта, САД, кој беше во серија од седум последователни победи.
Шакур беше побрз и посрчен во текот на мечот. Официјалната статистика е елоквентна – 164 на 87 зададени удари, а тешките удари се 99 на 41 во корист на помладиот.
Судијата беше принуден да го прекине ,мечот поради сериозни повреди и постојана крварење под двете очи на Херинг (ТКО).
Ова се случи минута ипол по стартот на десетата рунда.
Ветувачката надеж освои појас во втора категорија.
Сега се очекува Шакур Стивенсон да се бори против шампионот на ВБЦ, Оскар Валдес.
Shakur Stevenson in 17 pro fights:
• 17-0, 9 KO’s
• Two-division world champion
• Out landed opponents, 1526-466
• 43 consecutive rounds without being out landed pic.twitter.com/2Qgo41JYgx— Dan Canobbio (@DanCanobbio) October 24, 2021