Шакур Стивенсон доминираше против Оскар Валдез (ВИДЕО)

Шакур Стивенсон лесно со подобри вештини и брзина го совлада Оскар Валдез.

Валдез беше непоразен пред бoрбата, која ја загуби со судиска одлука.

Така Стивенсон ги освои сите титули во својата категорија само во својата 18-та професионална битка.

„Оскар Валдез беше тежок шампион. Мораме да ги препознаеме неговите вештини. Тој има многу сила. Тој е тежок и дефинитивно повторно ќе стане шампион”.

По мечот Стивенсон и предложил брак на својата девојка, која ја прифати понудата.

24-годишниот Американец е сребрен олимписки медалист од 2016 година, а воедно стана и првиот борец кој го победил 31-годишниот Валдез.

„Има големи вештини“, изјави поразениот Валдез. „Така е. Тој беше само подобар вечерва… Како што реков, тој е многу добар борец. Има брзина, има сила. Беше подобар вечерва“.

Во 12. рунда на Валдез очигледно му требаше нокаут за победа. Беше агресивен во последните минути, но ниту тогаш не успеа да го посрамоти противникот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО