Шакур Стивенсон бара борба со Васил Ломаченко

Искусниот американски боксер Шакур Стивенсон покажа интерес за борба против Украинецот Васил Ломаченко кој неодамна загуби во мечот за апсолутен шампион во лесна категорија од Девин Хејни.

Стивенсон би можел да биде следниот предизвикувач на Хејни, но останува да се види дали ќе има реванш меѓу шампионот и Ломаченко.

Но, Шакур не би имал ништо против мечот со Џемаин Ортиз.

„Имам желба да се борам со Џемаин Ортиз, кажа секакви работи. Би покажал каде припаѓа“, рече Шакур Стивенсон и продолжи:

„Но, ако имам шанса да боксирам против Ломаченко, со задоволство би го направил тоа, бидејќи годините минуваат. Сакам да се борам со него пред да се пензионира. И сакам на сите да им покажам колку вредам“.

За многумина тој е наследник на Флојд Мејведер, а титулата во ВБО ја освои минатиот октомври со прекин во десетата рунда против Џамел Херинг.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО