Шабан Трстена од собата на успесите: Не предавајте се, само велете си: „Сакам да бидам најдобар спортист“!

Олимпискиот шампион Шабан Трстена со гордост ја обајвува фотографијата од осбата со трофеите, која, патем, ја делел со неговиот брат, иако помалку и била тесна. Сепак, тоа не го спречило да освои се што може да се освои на планетава во борењето.

Тој и  порачува на младите спортисти дека не се важни условите, туку најважно е да имаш волја за успех!

„Ова беше мојата мала соба полна со победнички трофеи од цел свет. Соба во која што спиев со мојот брат до 1988 година.
Не се давав, имав волја, тренирав и победував! Затоа спортисти, идни шампиони, ако сакате трофеи, не се битни условите и не барајте ги надвор од вас, бидејќи тие се во Вас. Вие најмногу треба да го сакате успехот за да освоите медал на Европско, Светско првентсво или на Олимписки игри! Не предавајте се, само велете си: „Сакам да бидам најдобар спортист“!

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО