Хабиб Нурмагомедов прифатил борба со Тони Фергусон на УФЦ 219

Со обајвувањето на шампионската средба меѓу Сајборг и Холм, од УФЦ изјавија дека се уште не утврдена главната борба за УФЦ 219, што алаудира на тоа дека веројатно се подготвува нешто уште спектакуларно.

Но, Хабиб Нурмагомедов, веројатно, фрли прашина на случајот.

„Појаснувам, ми беше понудена средба со Тони Фергусон на 30 декември. Прифатив, но фокусот ми е на Барбоза“.

Тоа е она што го сподели на социјалните мрежи, а ние сè уште очекуваме официјално да биде објавено од страна на УФЦ. Интересно е зашто Фергусон би прифатил ваков дуел кога со сигурност ќе има меч со Мек Грегор, судејќи по нивните закачки.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО