Шабан Трстена на промоцијата на Факултетот за физичка клутура и спорт (ФОТО)

Олимпискиот шампион од Олимписките игри во Лос Анџелес во 1984 година, Шабан Трстена, беше еден од спортистите на прмоцијата на Факултетот за физичка клутура и спорт на Универзитетот „Мајка Тереза“ во Скопје.

„Благодарност до ректорот Азис Положани што го отвори Факултетот за спорт, бидејќи многу спортисти од Скопје донесоа многу медали во градот и на Македонија“, вели златното момче од ОИ во САД, Шабан Трстена, кога го освои златниот медал во борење слободен стил, додавајќи дека му меногу драго што во неговиот роден град од септември ќе може да се студира физичка култура и спорт, и на албански и на македонски јазик.

Тој истакна дека и борењето ќе биде дел од овој Факултет, но и рече:

„Борењето, за жал, знаеме во каква ситуација е. Имаме само реклама, а немаме репрезентација. МОК, АСМ и Универзитетот не прават спортисти. Тоа го прават федерациите, односно клубовите, а овие институции може да помогнат со средства и знаење. Во САД сите шампиони се студенти и тоа многу добри. Кај бевме порано? Се рамневме со САД, Русија, а сега 25 години немаме освоено олимписки медал“.

Трстена може да биде повикан во септември и да и зборува на студентите за спортот и за тоа како се станува шампион.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON