Данов, Митров, Ангелов, Имери, Јованов – победници на пеливанскиот турнир во Костурино (ФОТО)

На Меѓународниот пеливански турнир по повод Петровден во Костурино, Струмица, нашите истакнати борачи ги освоија првите места.

Бобан Данов е победник во прва рака, Орхан Имери во втора, Дејан Митров во трета и Горан Атанасов во четврта и Фиданчо Јованов во петта.

Митров во финалето го совлада Бугаринот Илијан Николов, и тоа беше една од најинтересните борби. Добра претствава имаа Ангелов и Кадир Камбери, додека Данов и Арсов беа најдобри кај тешкашите. Јованов по петти пат го освои првото место на овој турнир.

На турнирот учествуваа 50-тина пеливани од Македонија и Бугарија, победникот доби награда од 500 евра.

Во сабота има пеливански турнир во Батинци, а во недела во Кичево.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО