Шабан Трстена на 16 октомври ќе го доделува „Златниот олимписки оскар“

На 16 октомври (понеделник) ќе се одржи седмото издание на „Златен олмписки оскар“ кој го доделува олимпискиот шампион Шабан Трстена.

Како по обичај, церемонијата на свеченото доделување на „Оскарите“ ќе биде во хотелот Александар палас во Скопје со почеток во 12:30 часот.

Трстена Златниот олмписки оскар го доделува на личности, институции и медиуми кои придонеле за неговиот успех и ја следеле неговата кариера во борење, но и неговиот животен пат.

Шабан Трстена во 1984 година го освои златниот медал на Олимписките игри во Лос Анџелес во категоријата до 52 килограми.

Претседателот Стево Пендаровски минатата година го одликуваше со орденот „8 Септември“по повод Денот на независноста.

Минатата година меѓу добитниците беше и Ипон.мк.

Трстена има неверојатен ефект како еден од најдобрите светски спортисти во борењето, со 30 златни медали на 42 турнири на кои учествуваше. Од многуте медали 19 се од нив се на Олимписките игри, Светските, Европските првенства, Медитеранските игри и Балканските шампионати. Највредни се златото од ЛОИ во Лос Анџелес и сребрениот медал од следните Игри во Сеул. Двапати беше и европски првак во неговата категорија до 52 килограми, а има и бронза од СП во Катовице во 1982 година.
Тој има на 750 борби во кариерата, притоа забележал 720 победи.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО