Шабан Трстена: На 10 август го остварив мојот најголем сон – освоив златен олимписки медал

На овој ден македонската и југословенската јавност се израдува на златниот медал на Шабан Трстена на Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 година. Ова е историски златен медал за македонското борење со кој Шабан Трстена влезе во светската историја.

„Можеби овој ден за повеќето луѓе не е толку битен, но за мене лично е посебен, како и за сите тие што знаат да го вреднуваат… Историски факт е дека годините поминуваат, но засекогаш останува врежана симболиката во душата на секој олимписки шампион. Еден од тие олимписки шампиони бев и јас“, вели Трсетна по тој повод и доадава:

„На денешен ден, точно пред 36 години, на 10 август 1984 година во Лос Анџелес, САД, успеав да се закитам со златен олимписки медал. Патот до овој голем олимписки триумф беше макотрпен, беше потребна голема посветеност, но, јас успеав бидејќи во мојот живот постоеше само една цел, за која вложив голем труд, ден и ноќ, со невидена пожртвуваност за време на тренинзите и психолошка подготвеност во секое бескрајно движење. Поминав долг пат, низ четиригодишен циклус за да докажам дека сум достоен за Олимпијада. На овој начин треба да бидеш во состојба да се концентрираш и да ги надминеш сите тие тешки препреки,  тоа ќе ти помогне што повеќе да ги искористиш придобивките од тренингот и стручната подготовка“.

Олимпискиот шампион нагласува дека тој еден од спортисти кој успек во тоа.

„За победите кои ги постигнав ми беа потребни подготовки во целиот циклус од 1400 дена без луксузни услови во салите, каде потта течеше како река, во зима, кога температурите се спуштаа на -10, -15 степени, како и во лето кога се искачува и до 40, 45 степени, без клима и без луксуз. Тренирав секој ден по три пати, околу 1920 часови бев врзан со тренинг. Трчав илјадници километри во услови на дожд и на снег, како и при големи жештини, но ниту тие тешки услови не можеа да ме спречат за да продолжам со исполнување на зацртаната програма со стотици физички вежби. Значи, од голема важност е да се зачува волјата и концентрацијата, зашто во моментот кога почнуваат Олимписките игри секој спортист треба да биде целосно свесен колку е подготвен и кои се неговите силни точки, за да го постигне успехот и да ги победи неговите противници“, нагласува Трстена.

https://www.youtube.com/watch?v=_nuDJSAM_kc

Гледано од денешна временска дистанца, се присетува Трстена, наназад во временската рамка од 36 години, нема зошто да не се чувствувам горд што успеав да постигнам толку многу успеси и да се закитам со толку многу медали.

„Искачувањето кон врвот на Олимп, како спортист, е токму тоа што ме прави најгорд, што јас, како спортист од една мала земја како Македонија, ја испишав барем малку глобалната историја со мојата пот и борбена душа во секој крај на светот. Ова е едно скромно потсетување и одбележување на денот на кој го постигнав најголемиот успех. Затоа сакам да им порачам и да ги поттикнам сите млади спортисти – и вие треба да имате свој сон, ама и да работите напорно за да се оствари. А овој ден, 10 август, засекогаш ќе биде посебен во мојот живот и во мојата спортска душа, денот во кој го остварив мојот најголем сон и освоив златен олимписки медал“, потенцира олмпискиот шампион Шабан Трстена кој освои уште еден олимписки медал, бронзен, на Олмпијадата во Сеул, Јужна Кореја, 1988 година.

https://youtu.be/Wm0WpKEdX_I

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON