Шабан Трстена до Дејан Георгиевски: Оваа грешка треба итно да се исправи

Олимпискиот шампион Шабан Трстена се огласи со свое мислење во врска со распределбата на ваучерите од Агенцијата за млади и спорт откако новинари побарале негово мислење по неправдата нанесена на олмпискиот вицешамиот Дејан Георгиевски. 

Да посетиме, Георгиевски минатата година на Олмписките игри во Токио го освои сребрениот медал во таеквондо, што е најголем успех во независна Македонија. Само Могамед Ибрагимов освои бронзен медал на Олимпијадата во Сиднеј 2000 година.

„Некои спортски новинари ми се јавија да добијат мое мислење како олимписки шампион, дека од АМС ги подели неспортски ваучерите на клубовите и спортистите“, пишува на Фејсбук олимпискиот шампион Шабан Трстена и додава:

„Нашиот најуспешен олимписки медалист Дејан Георгиевски не е задоволен од споделувањето на ваучерите на клубови и на спортисти. Секако, ако АМС погрешил, оваа грешка треба итно да се исправи. Јас сум опитмист дека оваа грешка ќе ја исправат, зашто во цел свет се знае дека највисоко ценет е олимпискиот медал кој го освои нашиот шампионот Дејан Георгиевски. Но, на шампионот Дејан му порачувам да не се револтира од ваквите неправди. И мене многу пати ми се случуваа такви неправди, ама јас не се откажав, дури ми дадоа уште поголема волја да тренирам.

Зато и ти Дејане шампионе со години, заедно со твоите тренери трениравте без услови, без ниту еден динар и без ничија помош, ама со голема волја и работа. Победивте големи шампиони и освоивте олимписка норма и за прв пат настапивте на Олимпијада и по 5 победи влеговте во голема спортска историја. За жал, освоивте сребро што вреди како олимпиското злато. Шампионе Ви остануваат уште 2 години до Париз, само треба да размислуваш и да спиеш овие 2 години, како да го оствариш твојот сон и да се искачиш на олимпискиот пиедестал, за да го израдуваш своето семејство и цела Македонија“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON