Шабан Сеиди пред 40 години го освои првиот медал на Олимпијадите во слободен стил

Вчера (31 јули) се навршија 40 години од првиот медал во борење слободен стил на Олимписките игри, тоа е бронзениот медал на Шабан Сеиди кој го освои на Олимпијдата 1980 година во Моксва.

Сеиди го повтори успехот и на Олимписките игри во Лос Анџелес 1984 година кога пак го освои бронзениот медал.

Во кариерата Шабан Сеиди освоил повеќе медали, кој во тоа време е член на БК Скопје.

Најдобри резултати му се 4 златни медали (1974–1979) и 1 сребрен на шест младински балкански првенства слободен стил; на единаесет европски првенства (1975–1987) – сребрен во Познањ (Полска, 1976), златни во Бурса (Турција, 1977) и во Будимпешта (Унгарија, 1983); на светските првенства (1975–1987) – 2 младински и 4 сениорски, сребрени медали во Лас Вегас (САД, 1977), Лозана (Швајцарија, 1977) и Скопје (1981); од четири Медитерански игри (1975–1987) – златни медали во Алжир (1975) и Сплит (1979), а од четири настапи на Олимписките игри (1976–1988) – бронзени медали во Москва (СССР, 1980) и во Лос Анџелес (САД, 1984).

Тој е избран за најдобар спортист на Македонија (1977, 1980 и 1981) и на Југославија (1977).

Ipon.mk

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО