Сесвете – Војводина/Спартак 12 – 4во дербито на Регионалната лига (ВИДЕО)


Во дербито на 4.коло на Регионалната бокс лига меѓу Сесвете од Загреб и Спартак/Војводина славеше лидерот Сесвете со 12-4. Ова е првиот пораз на гостите од Србија.

Публиката на нозе ја дигна младиот тешкаш Лука Пратљачиќ. Во сензационален меч осиечанецот се најде на подот во првата рунда по применото десно кроше, за да се врати во втората, праќајќи го Михаи Тарноцаи на подот и славеше со нокаут.

https://www.facebook.com/baboufc/videos/10211637869815935/

Во останатите два меча Лозница славеше против Пинк Пантер 12-4, а екипата на Славија ја доби средбата со службен резултат 16-0 со Лазаревац/Металац, бидејќи гостите го напуштија рингот по третата борба незадоволни од судиската одлука. Поради оваа одлука мечот беше прекинат.

Сесвете се први со 8 бода, Војводина/Спартак, Лозница и Радник имаат по 4, Славија и Лазаревац по 2, Пинк Пантер е без бодови.

Сесвете – Спартак 12-4
Вељко Глигориќ – Иван Прскало (едногласна одлука)
Стипан Пртењача – Вања Бачиќ (едногласна одлука)
Дамјан Грмуша – Ерик Пијетрај (едногласна одлука)
Марко Зељко – Калман Ханко (едногласна одлука)
Мате Рудан Хеги Варнава (поделена одлука на судиите)
Дамир Плантиќ – Денис Меметовиќ (ТКО, Р2)
Лука Пртљачиќ – Михаи Траноцаи (ТКО, Р2)
Ален Бабиќ – Немања Столиќ (ТКО, Р2)

 Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО