Сесвете ја покажа силината, а Гоце Јанески раскошниот талент, како и Муаремовски (ФОТО)

Екипата на Сесвете ја оправда улогата на фаворит против Пинк Пантер и славеше со 12-4 во рамките на третото коло на Регионалната боксерска лига во Штип.

Но, Гоце Јанески покажа дека прераснува во врвен боксер и ја забележа и третата победа во лигата и то на мошне убедлив начин со два нокдауни над Хрватот Мариновиќ и ја дигна публиката на нозе.

И Денис Муаремовски се покажа во одлично светло и извојува победа.

Од друга страна, Сесвете покажаа зошто најдобра екипа и демонстрираа одличен и технички дотеран бокс.

Тренерот Ристо Грбев истакна дека е задоволен од прикажаните борби и дека резултатот е реален одраз на моменталните сили на двата клуба.

Пинк Пантер Сесвете 4-12

56 кг Александар Ристовски – Игор Петрут 0-3

Петрут ја презеде иницијативата од првата секунда, напаѓајќи со затворен гард, при што Ристовски цело време се повлекуваше. Игор имаше попрецизни удари. Во втортата рунда Ристовски имаше  одлична серија во  првата минута. Сепак судијата му бореше, иако немаше нокдаун, според наше убедување. Хрватот повторно напаѓаше, а Александар се врати на крајот од рундата со два прецизни удари. Кај Александар се забележуваше недостатокот на кондиција. Третата рунда напдна Игор, Алексндар врати со неколку удари. Борбата продолжи со интензивно темпо до крајот, а подобар и попрецизен беше гостинскиот боксер.

60 кг Јасмин Мифтар – Стипан Пртењача 0-3 (ТКО, Р2)

Дебитантот Мифтар тактички добро се постави и на почетокот испрати три прецизни удари кои го изненадија противникот. Стипан по изненадувањето тргтна во напад, но Мифтар добро се спротивсатвуваше. Претњача и во вотрата рунда напаѓаше, па во средината беше прекината бидејќи тренерот ја предаде.

64 Денис Муаремовски – Мартин Гулан 2-1

Денис тактички мудро се бореше и зададе 6-7 прецизни удари кои го здрмаа Гулан кој се бореше со отворен гард. Муаремовски во втората продолжи во истото темпо, а Гулан испрати неколку опасни контри,но тој доби и опемна поради ниско држење на главата. Во третата рунда Денис напаѓаше од дистанца, а Гулан контрираше, но тоа не беше доволно, затоа што Муаремовски беше поубедлив во првите две рунди.

69 кг Дејан Ристевски – Марко Зељко 0-3

Двајцата противнци влегоа внимателно во борбата, Дејан се трудеше сократки серии за здадае силен удар, а Зељко ја користеше висината и долгите раце. Во втората рунда Марко со долгите раце го држеше подалеку од себе Рисетвски кој во два-три напади зададе неколку удари. Зељко до крајот ја одржуваше дистанцата и задаваше попрецизни удари, а Дејан одеше на еден силен погодок, но не му се укажа вистинска прилика.

75 кг Гоце Јанески – Дино Мартиновиќ 3-0

Миленикот на штипската публика Гоце Јанески покажа технички дотеран бокс во првата рунда со неколку прецзни десни директи по еден- два акциите. Втората рунда Гоце го покажа раскошниот талент па при крајот на рундата му броеја на на Дино. Гоце напаѓаше со левата рака а задаваше тешки удари со десната. Левиот аперкат на Јанески го  испрати Мартиновиќ во нокадун и во третата рунда која во целост мудро ја водеше нашиот боксер и зададе многу разорни удари.

Јанески доби заслужени овации од публиката, затоа што и подари убава борба.

81 кг Илче Јоноски – Лука Плантиќ 0-3 (ТКО, Р1)

Фаворитот Плантиќ, носител на повеќе медали од ЕП-а и Младински олимписки игри итн, напдана силно и на два пати му броеја на Јоноски во првата рунда, по што судијата ја прекина борбата.

91 кг Марко Доциќ – Лука Пратљачиќ 0-3

Тешкашите прилично внимателно се бореа во првата рунда, но си разменија по неколку удари. Втората рунда беше со побавно темпо од правта. На карјот на третата рунда Доциќ го напдна Лука.

+91 кг нема –Бранимир Ловрен 0-3

Пинк Пантер Сесвете 4-12

56 кг Александар Ристовски – Игор Петрут 0-3

60 кг Јасин Мифтар – Стипан Пртењача 0-3 (ТКО, Р2)

64 Денис Муаремовски – Мартин Гулан 2-1

69 кг Дејан Ристевски – Марко Зељко 0-3

75 кг Гоце Јанески – Дино Мартиновиќ 3-0

81 кг Илче Јоноски – Лука Плантиќ 0-3 (ТКО, Р1)

91 кг Марко Доциќ – Лука Пратљачиќ 0-3

+91 кг нема –Бранимир Ловрен 0-3

 

Трето коло:

Пинк Пантер – Сесвете 4-12

Лазаревац – Лозница

Војводина/Спартак – Радник 12-4

Славија е слободна

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON