Даниел Стефановски супериорно го совлада Родригез на Суперкомбат (ВИДЕО)

Mакедонскиот кик боксер Даниел Стефановски ја извојува и четвртата победа по ред во категоријата до 81 килограм во К-1над Иманол Родригез од Шпанија на Суперкомабат настанот во Букурешт.

Македонскиот воин овој пат не победи со нокаут, но прикажа супериорна борба против искусниот Шпанец. Со едногласна одлука на судиите Даниел го совлада Родригез во борба во која и двајцата машки ги издржаа силните удари.

И двајцата имаа свои моменти. Иманол се обиде со своето искуство да дојде до предност, но неговите удари не завршуваа каде што посакуваше. За разлика од него, Стефановски ја користеше можноста да се стекне со позитива и успеваше да зададе чисти удари. Пак се обиде со силниот удар со коленото, а веднаш потоа задаваше и удари со рацете, па го разниша својот ривал.

Сепак, Иманол остана на нозе до крај, па немаше нокаут, но затоа имаше победа на поени за Даниел. Ова е уште еден чекор до финалната приредба на Суперкомбат Ворлд гран при во САД.

Ipon.mk/В.Д.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО