По солидниот настап на Европското првенство Серхан Шакиров (Балканец) замина за Хамбург, Германија, во СЦ Ролнад Хамбург ринген на подготовки.
Шаќиров таму ќе се подготвува за Светското првенство во септември кое ќе се одржи во Белград, Србија.
„Имав солиден настап на Европското во Скопје, решив да заминам на подготовки во Германија каде што има повеќе спаринг-партнери. Сакам повторно да ја израдувам Македонија со добар резултат и медал. Сакам да кажам и да му се заблагодарам на големата поддршка на тренерот Бобан Данов“, вели Шакиров.
Тој единствениот наш борач што ЕП во У-23 во Скопје имаше победа, а втората ја изгуби тесно од многу добриот борач од Романија.