Меѓународна сценаММА

Сергеј Павлович ќе се врати во октагонот на крајот на оваа година

Најдобриот руски борец кој се натпреварува во тешка категорија на УФЦ (до 120 килограми), Сергеј Павлович, ќе се врати во октагонот подоцна оваа година.

Да потсетиме, Сергеј во последната борба го сподели октагонот со сонародникот Александар Волков на турнирот во УФЦ, кој се одржа во Саудиска Арабија. Александар победи со едногласна одлука.

По борбата Волков му пришол на Сергеј да му каже зборови на поддршка, но тој грубо го оттурнал. Очигледно Сергеј не се радуваше на поразот, кој беше втор по ред за него во УФЦ. Сега е опериран и го очекува борба на крајот на годината:

„Вчера Сергеј преку операција ги отстрани сите проблеми што го спречија целосно да тренира и да се подготви за борба. Рехабилитацијата ќе потрае некое време. Следува целосна подготовка. Планираме да се борам на крајот на годината“, се вели на официјалниот Телеграм канал на Сергеј.

Павлович има 32 години со скор 18-3 во ММА. Тој се бореше за привремената титула во 2023 година, но загуби со нокаут од Том Аспинал.

Show More

Related Articles

Back to top button
IPON