Сергеј Павлович: Џон Џонс ќе го победи Стипе Миочиќ

Рускиот ММА борец Сергеј Павлович верува дека Џон Џонс ќе го победи Стипе Миочиќ.

На почетокот на месецот „Коски“ се врати во УФЦ. Тој го победи Сирил Гане и ја освои слободната титула во тешка категорија. Џонс го предизвика Миочиќ на борба во јули во Лас Вегас. На Дана Вајт му се допадна идејата и ќе им дозволи да се борат во текот на летото.

Обложувалниците тргнаа во акција и го закачија Џонс како фаворит на мечот. Павлович е еден од претендентите за појасот. Тој ќе се бори со Картис Блејдс на крајот на април. Сергеј беше и резерва на борбата меѓу Џонс и Гане.

Во моментов не сака да размислува за титулата, бидејќи го чека тежок тест.

„Џон Џонс беше на врвот како и секогаш. Одлично се претстави во битката со Сирил Гане. Мислам дека Џонс ќе го победи Стипе Миочиќ.

Дали ќе побарам шанса за титула ако го победам Картис Блејдс? Прво ќе се борам со него, па потоа ќе видиме“, изјави Павлович во интервју за The Schmo.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavlovich Sergei (@sergei__pavlovich)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО