Сергеј Павлович: Дајте го следниот!

Рускиот борец во тешка категорија на УФЦ Сергеј Павлович потсети дека е во серија од 5 последователни победи со нокаут во првата рунда.

Пред една недела 30-годишниот Русин го прегази Таи Туиваса за 54 секунди. Сергеј го испрати во 3 нокдаун, а со тешките бомби му ги скрши носот и вилицата. Сергеј доби уште еден бонус од 50.000 долари.

За помалку од 10 минути, Сергеј има добиено 5 борби со нокаут, како и 3 бонуси. Павлович има 17-1 во ММА и има 14 победи со нокаут. Очигледно едвај чека да се врати во игра и сакаше следен противник.

„По ред 5 нокаути во првата рунда! Кој е следниот?“, напиша Павлович на социјалните мрежи.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Pavlovich Sergei (@sergei__pavlovich)

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON