Дејан Георгиевски е во полуфиналето Светското таеквонодo Гранд при финале во Ријад

Дејан Георгиевски ја извојува и втората победа на Светското таеквонодo Гранд при финале во Ријад, Саудиска Арабија, победувајќи го Бразилецот Икаро Мигуел Соареш со 2-0 (9-5, 6-0).

Со оваа победа Георгиевски се пласира во полуфиналето во категоријата над 80 килограми.

Во првата борба го совлада еден од најдобрите светски натпреварувачи Иван Грасија Мартинез од Шпанија 2-0. Мартинез го освои сребрениот медал на неодамна завршеното Светско првенство во Гвадалахара, Мексико.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО