Сергеј Павлович: Аспинал се покажа побрз! Сакам реванш

Рускиот борец Сергеј Павлович го коментираше поразот од Британецот Том Аспинал во борбата за титулата.

Тие се бореа изминатиов викенд во Медисон сквер гарден во Њујорк. Нивната борба беше насловна на настанот УФЦ 295. Аспинал победи со нокаут за 69 секунди и да ја освои привремената титула во тешка категорија.

За 31-годишниот Павлович поразот беше втор во кариерата. Тој беше во победничка серија од 6 борби со нокаут. Аспинал има 7 победи и 1 пораз во УФЦ. Сергеј се заблагодари за поддршката и повика на реванш.

„Сакам реванш, можеби не веднаш, но мојата цел е да му се реванширам ​​на Том. Млад сум, добро сум. Немам никакво нарушување на моето здравје. Том беше побрз.

Немав среќа веднаш да го удрам, но тој се покажа попрецизен“, напиша Павлович на својот канал на Телеграм.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО