Светскиот шампион во лесно-тешка категорија, 32-годишниот Русин, Сергеј Ковалев, неодамна во интервју изјави дека се подготвува сериозно за реваншот против Канаѓанецот Жан Паскал.
„Интересно ми е што ќе покаже тој во рингот по неговите тренинзи со Фреди Роуч. Не сум свесен зошто го земни тренерот. Знам само дека сега тренира со нов тим. Мојата желба е да го натерам еднаш засекогаш да се откаже од боксот“.
Реваншот меѓу Ковалев и Паскал е закажан за 30 јануари и ќе се одржи на Арената „Bell Centre“, Монтреал, Канада.