Светскиот шампион во тешка категорија Сергеј Ковалев ќе ја заврши својата кариера во 2020 година. Ова го објави самиот Русин.
„Појасите веќе не се толку интересни како порано“, призна ѕвездата и додаде:„Би било убаво ако може да ги обединам, но тоа не е најважното“.
Ковалев веќе е начисто со следниот ривал. Тој ќе ја брани титулата на Светската боксерска организација (ВБО) против непобедениот британски боксер Ентони Јард. Мечот ќе се одржи во Чељабинск.