Бадер ќе ја брани титулата во тешка категорија против Чеик Конго

Двократниот шампион на Белатор Рајан Бадер (27-5) на 7 септември прв пат ќе ја брани титулата во тешка категорија.

36-годишниот Американец во Сан Хозе ќе се бори со уште еден поранешен борец на УФЦ Чеик Конго (30-10-2).

Бадер ја освои титулата во тешка категорија сопобеда на Гран прито. Во финалето, тој го нокаутира Федор Емелијаненко за 35 секунди, а претходно ги елиминираше Мат Митрион и Мухамед Ло. Сега е во низа од седум победи.

44-годишниот Конго е рекордер во тешка категорија на Белатор со 12 победи. Моментално е во низаод осум победи, а последната ја забележа во февруари, кога со едногласна одлука на судиите му го напнесе првиот пораз на поранешниот шампион на Белататор и повратник во американската промоција Витали Минаков.

На овој настан ќе почне и Гран-прито во перолесна категорија. Учесниците и двојките ќе бидат објавени дополнително.

https://www.youtube.com/watch?v=lMf6qo4CtGY
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО