ММА борецот Сергеј Харитонов верува дека народите на Русија и Украина се едно. Тензиите се зголемија меѓу двете земји во последниве години. Политиката е чудна работа и може да го натера братот да го мрази својот брат.
Русија и Украина беа на работ на војна, но за среќа не настанаа поголеми трагедии. Украина беше дел од СССР, но повторно стана независна по распадот на СССР во 1991 година.
Многу луѓе од двете страни не се задоволни што нивните односи се заладени. Харитонов, кој се натпреварува во тешка категорија, одлучи да зборува на оваа тема.
„За мене, Украина не е само братска, туку е една целина. Украина и Русија се еден народ. Затоа е многу болно што се случуваат некои политички катаклизми, дури е и страшно.
Навистина се надевам дека се ќе се врати во нормала и Русија и Украина ќе се обединат и ќе бидат заедно“, изјави Харитонов.