Серена Вилијамс доби зелено светло за натпревари во кечерскиот спорт, откако одлучи да стави крај на тениската кариера. Тоа го истакна една од најсилните фигури во ВВЕ/WWE Стефани Макмен, која е воодушевена од идејата за Серена во федерацијата.
Во кечерските кругови се воодушевени од успехот и популарноста на Ронда Русеј која ги замени мешаните боречки вештини (ММА) со кечерстовто и сериозно го крена интересот за забавниот спорт.
„Ја сакам Серена во кечерството, таа е страотна“, изјави МекМахон за Сан.
Серена Вилијамс сé уште не ја коментира поканата. 37-годишниот Американка се врати на тенисот по раѓањето на своето прво дете, но сѐ уште ја бара својата најдобра форма.
https://www.youtube.com/watch?time_continue=3&v=mwzMLx3HIo0
.