Септември е клучен за иднината на каратето на Олимписките игри

Каратето дебитираше на Олмписките игри во Токио, но засега тоа е последното учество на овој спорт на Олимписките игри. Иднината е нејасна, но оптимизмот, по гламурозниот настап на каратистите во Јапонија, е очигледен. Ова е мислењето на претседателот на Светската карате федерација (ВКФ) Антонио Еспиноз.

Според него, може да има позитивни вести во септември. Имено, каратето да биде меѓу оние 28 спортови за кои Меѓународниот олимписки комитет ќе расправа за Игрите во Лос Анџелес 2028. МОК ќе има своја сесија на која ќе се дискутира за влијанието на каратето врз „олимпиското семејство“.

„Никој никогаш не ја разбрал причината зошто сме извадени од групата спортови што ќе бидат дел од Олимписките игри во Париз. Никогаш не ни беше објаснето. Во Франција ќе има 4 дополнителни спортови, но зошто има таква бројка, а не пет, на пример, не стана јасно“, го започна своето излагање на настаните Еспиноз.

Шпанецот вели дека во септември ќе биде познато каква била публиката на каратето, што ќе даде показател за иднината.

„Анализата ќе се направи врз основа на емитувања, публика, социјални медиуми, како и споредби со други спортови блиски до нашите. Тогаш ќе можеме да извлечеме заклучоци. Ние веќе ја имаме нашата студија, ќе ја видиме онаа на МОК“, коментираше шефот на меѓународното карате.

Еспиноз додаде: „Се надеваме дека ќе бидеме трајно прифатени како дел од олимписката програма. Ова може да се случи во првите месеци од 2022 година, кога ќе се разговара за спортот во Лос Анџелес 2028 година. Верувам дека има место за секого на Олимписките игри“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО