Сепак, нема причини за грижи? Конор Мек Грегор објави серија видеа од тренинг, Ноториус изгледа одлично (ВИДЕО)

Во последните денови многу страв навлезе меѓу навивачите на УФЦ. Се започна со откажувањето на прес-конференцијата на УФЦ што требаше да се одржи во Даблин на почетокот на оваа недела. Конор Мек Грегор и Мајкл Чендлер требаше да ја направат првата заедничка прес-конференција во пресрет на борбата што ги очекува на 29 јуни на настанот УФЦ 303.

Од УФЦ не ги дефинираа јасно причините поради кои го откажаа настанот, а веднаш почнаа шпекулациите за откажување на борбата, повредата на Конор Мек Грегор и други причини поради кои натпреварот ќе дојде под знак прашалник. Во својот дом во Тенеси се врати и Мајкл Чендлер, поточно го напушти тренинг кампот на Флорида.

Има многу причини кои упатуваа на откажување или одложување на мечот меѓу Чендлер и Мек Грегор, но засега нема официјална потврда дека натпреварот е во опасност. Судејќи според она што Мек Грегор го објави синоќа на своите социјални мрежи, се ќе биде во ред и мечот не е доведен во прашање.

Ноториус прикачи серија пократки видеа од тренинг. Од удирање во фокусери до спаринг, има што да се види на Инстаграм профилот на Конор.

„Тој си игра ментални игри со Мајкл Чендлер“, објави еден од најпопуларните коментари на објавата на Конор.

Така, навивачите сега веруваат дека Мек Грегор едноставно го залажува Мајкл Чендлер и се меша во неговата психичка состојба во неделите пред натпреварот. Што всушност се крие зад целата приказна, тешко е да се каже.

Она што го знаеме е фактот дека мечот се уште е закажан, немаше откажување, а се надеваме дека нема да има лоши вести.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON