Иран ќе издаде визи за американскиот боречки тим кој ќе учествува на Светскиот куп на 16 и 17 февруари, јавува државата новинска агенција Ирна.
Претходно беше објавено дека Иран вовел забрана за визи за американскиот тим како одговор на визната забрана кон државјаните на Иран што ја воведе претседателот Доналд Трамп.
Причината за промената е привременото блокирање на одлуката на Трамп, кое вчера го донесе федералниот суд во Минесота, изјави портпаролот на иранското министерство за надворешни работи Бахрам Гашеми.
Инаку Американската администрација денеска поднесе жалба на одлуката на федералниот суд.
Во целата работа се вмеша и Обединетото светско борерње на чело со претседателот Ненад Лаловиќ, кој потенцираше дека ОСБ ги поддржува и двете боречки федерации и дека спортот е пред се.