СЕНЗАЦИОНАЛНО: Се заговара голем меч Серафим Тодоров-Флојд Мејведер!

Серафим Тодоров-Мејведер

Последниот боксер кој го победил Флојд Мејведер – Серафим Тодоров, може повторно во рингот да се сретне со Американецот. Ова го соопшти Серафим. Двајцата се сретнаа во полуфиналето на Олимписките игри во Атланта во 1996 година, а тогаш Бугаринот победи.

До ден денешен Мејведер забележа 48 победи во професионалниот ринг, а пред еден ден го совлада и Мани Пакијао во „борбата на векот“. Новинарите од Си Ен Ен, кои направија филм за Серафим Тодоров пред мечот на 38-годишниот Мејведер со Пакијао, си земале амбициозна задача- да организираат реванш меч на Американецот, токму против Серафимов.

Борбата треба да се одржи во САД , а точниот датум се уште не е извесен, бидејќи Флојд е пред дилема дали да има уште еден дуел или да ја заврши професионалната кариера непоразен.

серафим тодоров победник

„Ме известија од ЦНН и ми ја споделија нивната идеја. Ќе биде одлично шоу. Овие Американците ги разбираат работите. Знаат како да организираат ваков настан. Дај Боже да стане факт. Ќе биде нешто како бенефит за Мејведер и сакаат јас да му бидам противник, бидејќи само јас го победив“, изјави 45 -годишниот Серафим Тодоров за Блиц.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО