Сензацијата Бесир Алили е европски вицешампион (ВИДЕО)

Бесир Алили го освои сребрениот медал на Европското првенство во борење во слободен стил. Алили вечрва во Скопје се сретна со Рафаел Харутјунјан од Ерменија и загуби со технички туш.

Бесир влезе во борбата со многу жар и со голема поддршка од трибините, но против себе го имаше Ерменцот кој се покажа како многу силен вешт борач, што му овозможуваше да има поцврст фат од кој нашиот репрезентативец се извлече на два пати. Во втората рунда Алили тргена поагресивно, но Рафаел го искористи тоа во една акција освои четири поени кои беа доволни за технички туш.

Овае голем успех за Бесир Алили (-45 кг) и за македонското борење, бидејќи овој млад борач покажа најмногу од нашите репрезентативци.

Една од најинтерсните борби денеска беше онаа во категоријата до 48 кг меѓу Турчинот Халил Гокдениз и Гиорги Гегелашвили од Грузија која заврши 15-14. И двајцата се менуваа со водството, на 3-4 секунди до крајот Грузиецот водеше 14-13, а во последниот напад со свирежот на судијата Халил се избори за два поени и за финале во оваа категорија.

Во оваа категорија нашиот Аид Салихаси се бори во репасажот со Илја Рахозау од Белорусија за влез во борбата за бронза.

Пред почетокот на полуфиналните и финалните борби беше свеченото отворање со присуство на претседателот на Обединетото светско борење (ОСБ/UWW), Ненад Лаловиќ и Цено Ценев, претседател на ОСБ Европа. Меѓу присутните гости беа и министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски, претседателот на МОК Васил Тупруковски, директорот на АМС Дарко Каевски, легендата на македонското борење Ристо Таков, олимпијците Шабан Сеиди и Зоран Шоров. Домаќини и беа претседателот и потпретседателот на ФБСМ Бетим Вренези и Дејан Богданов.

Резултати

-45 кг финале
Бесир Алили – Рафаел Харутјунјан (Ерменија) 10-0 (ТТ)

-45 кг – 1/8 финале
Бесир Алили  – Кенан Чустовиќ (Босна и Херцеговина) 10-0

¼ финале
Бесир Алили – Василе Марку (Молдавија) 9-6

1/2 Финале
Бесир Алили – Станислау Мазок (Белорусија) 11-1

Резултати на нашите борачи од вториот ден

-48 кг – 1/8 финале
Аид Салихаси – Халил Гокдениз (Турција) 8-2 (со туш) 
-55 кг квалификации
Исмани Мухамед – Анатоли Храмика (Белорусија) 1-14 (технички туш) 
-65 кг квалификации
Филип Тасев – Патрик Цирузински (Полска)  8-7
1/8 финале
Филип Тасев – Кристофорс Лоизидис (Грција) 0-7 (туш)
-80 кг 1/8 финале
Адем Асани – Размик Варданјан (Шпанија) 10-9
¼ финале
Адем Асани – Григоре Телеман (Молдавија)0-11 (технички туш)

-110 кг 1/8 финале
Драган Велинов – Соломон Манашвили (Грузија) 10-0 (технички туш)

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО