Сензација: Џозеф Паркер го победи безопасниот Дионтеј Вајлдер

Џозеф Паркер го победи Дионтеј Вајлдер во нивната борба во тешка категорија.

Нивната средба беше конасловна на големата боксерска гала што се одржува во Ријад, Саудиска Арабија. Вајлдер влезе во борбата како тежок фаворит, но се претстави многу слабо и ги разочара своите фанови. Победата за Паркер дојде со одлука на судиите – 118-111, 118-110, 120-108.

Уште од самиот почеток Паркер го зазеде центарот на рингот и го принуди Вајлдер околу јажињата. Немаше голема активност во рундата и двајцата беа претпазливи. Паркер зададае добро десно кроше на крајот од рундата. Во втората повторно немаше активност. Вајлдер продолжи да биде неактивен, а Паркер плаисраше комбинација и удар во телото, по што следеше клинч.

Во третата рунда двајцата си разменија удари. Паркер беше поактивен и подготвен за размена, но Вајлдер чекаше. Џозеф можеше да ги чита движењата на Американецот и избегнуваше се од негова страна. Во четвртата рунда Паркер зададе удар со десницата, но беше фатен од Вајлдер и двајцата влегоа во клинч. Паркер притисна и го погоди со левицата во брадата на Американецот.

Во петтата рунда Вајлдер постигна удари и Паркер му возврати со удари во телото. Во шестата рунда коментаторите почнаа да зборуваат дека Вајлдер немал друг план освен да застане и да го чека нокаутот. Се чинеше дека ова има смисла бидејќи тој речиси немаше никаква офанзива. Очигледно се надеваше на грешка на Паркер која скапо ќе го чини.

Сепак, сè уште немаше таква грешка. Во осмата рунда Пакер беше блиску до победа со нокаут. Џозеф поентира со десната рака, по што Вајлдер накратко се замрзнува. Паркер се потруди во потрага по нокаутот и го избоде Дионтеј со удари, но Вајдлер успеа да го преживее крајот на рундата.

Во последните две рунди, Вајлдер се разбуди и се обиде да биде поофанзивен, но веќе ја загуби борбата. Паркер не ризикуваше непотребно и влезе во клинчови. Така, извојува сосема заслужена победа со едногласна одлука на судиите – 118-111, 118-110, 120-108.

Паркер влезе во серија од 4 победи и сега има скор од 34-3 во боксот. Вајлдер се врати на поразите и неговиот скор е 43-3-1. Со овој пораз неговата евентуална борба со Ентони Џошуа, која беше договорена во март, станува бесмислена.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON