Сент Пјер: УФЦ се исплашија дека може да го победам Хабиб

Легендарниот Жорж Сент Пјер беше подготвен да се бори против Хабиб Нурмагомедов, но УФЦ немаше интерес за ваква борба. Неоспорниот шампион во лесна категорија ја предизвика легендата и беше подготвен да ја брани титулата против него. Сепак, Дана Вајт имаше други планови и не покажа интерес за таква средба, што го принуди Сент Пјер да се повлече од ММА на официјална прес-конференција.

„Раш“ е среќен со своето време надвор од кафезот и е подготвен да се врати, но само за битка што го возбудува. Подготвен е да вложи сè за меч со Хабиб, но УФЦ ќе ги загубат инвестициите и затоа не го сакаат тоа. Жорж истакнува оти УФЦ го смета за голема закана за Нурмагомедов и затоа не ја сакаат средбата.

„Знам дека Хабиб ја сакаше оваа борба. И јас ја сакав, но треба да ги гледаме работите од страната на УФЦ и да се ставиме на нивно место. Тие не сакаа да ризикуваат со мене, затоа што ако победев јас, тогаш пак би ја освоил титулата. Не сакав да се борам со него за титулата и претпочитав тоа да биде борба во која појасот не влог. Сакам да се борам со него затоа што во моментов го сметам за најдобар.

Тој исто така сакаше да се бори и тоа ќе беше битка за навивачите. УФЦ имаше различни планови за Хабиб, и ги разбирам. Би изгубиле многу, доколку инвестираа во оваа борба, затоа што јас ќе се повлечам и тоа е лош потег. Можам да го прифатам тоа како комплимент, затоа што можеби тие ме гледаат како закана. Тоа значи дека тие мислеле оти можам да ја добијам битката. Ако ми дозволеа да се борам против него, тогаш и ќе го напрваеа тоа, затоа што ќе сметаа дека можам да загубам“, истана легендарниот поранешен шампион во две категории, Жорж Сент Пјер.

https://www.instagram.com/p/B_Dn0wNJqiB/?utm_source=ig_embed

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО