Џудо клубот Преспа на Државните првенства за сениори и пионери освои седум медали, од кои 4 во сениорска конкуренција – 1 златен и 3 сребрени, а трите одличја во пионерска се бронзи.
Кај сениорите медлаите ги освоија:
Ангела Боровичанин- злато
Емилија Поповска – сребро
Лилјана Недановска- сребро
Димитар Тасевски – сребро.
Кај пионерите со медали се закитија:
Јана Марковска – бронза.
Катерина Спасова -бронза.
Сара Христовска – бронза.
„Нашите џудисти прикажаа одлични борби. Тренинзите и квалитетот на клубот и тренерот Александар Фузевски даваат резултати, со уште поголема мотивација да се продолжи за уште подобри резултати“, велат од клубот.