Жарко Арсовски го освои седмото место на Карате 1 Премиер лигата во Дубаи.
Ова е најдобро постигнување по борбата што следи на Петар Спасеновски за бронзениот медал во категоријата до 84 килограми.
Арсовски добро стартуваше со победата над Пешницин од Русија, но потоа загуби од Гогита Арканиај од Грузија, кој е еден од најдобрите каратисти во оваа категорија, ама го повлече во репасажот поради пласманот во финалето. Жарко беше на добар пат да се бори за бронзата, бидејќи првата борба во репасажот против Полјакот Гебка ја доби, но потоа загуби од хамеди од Саудиска Арабија.
Ако се има предвид дека ова е прав негов настап во оваа гоидна и не е така лошо. Можеби, фали малку повеќе концентрација, која, веруваме, за ЕП ќе биде на највисоко ниво.
„Жарко Арсовски седмопласиран. Му се врати самодовербата. Со борбата на Петар Спасеновски за бронзата пред Европското првенство во Баку, Азербејџан, одличен пласман за двјацата“, изјави селекторот Сашко Арсовски.
Да посетиме дека Петар Спасеновски забележа три победи против претставниците на САД, Австрија, Тајпеј. Во полуфиналето загуби од претставник од Казахстан, а денеска се бори за бронзата.
Резултати
+84 кг
Жарко Арсовски – Александар Пшеницин (Русија) 4-0
Жарко Арсовски – Гогита Арканија (Грузија) 1-4
Репасаж
Жарко Арсовски – Мациеј Гебка (Полска) 1-0
Жарко Арсовски – Тарег Хамеди (Саудиска Арабија) 0-5
-84 кг
Петар Спасеновски – Камран Мадани (САД) 4-3
Петар Спасеновски –Робин Ретенбахер (Австрија) 1-0
Петар Спасеновски – Чун-Веи Ву (Тајван) 7-1
Полуфинале
Петар Спасеновски – Данијар Јулдашев (Казахстан) 0-6
За бронза
Петар Спасеновски – Фарук Абдуселем (Франција)
Ipon.mk