Села сака да организира меч за шампионска титула на Бени Османоски во Струга!

Sela i osmanoski

Градоначалникот на Општина Струга, Зиладин Села се сретна со свесткиот шампион во полутешка категорија во тај бокс, Бени Османоски, кој е од Октиси, Струга.

Османоски изрази задоволство од средбата со градоначалникот на Општина Струга, Зиладин Села.

Од друга страна, Села го пофали шампионот за досегашните успеси. Исто така му предложи во иднинина да соработуваат во врска со неговите спортски настани, односно да се организира и во Струга.

„Соработката со еминентни спортисти го зголемува вниманието на меѓународните медиуми за Струга“, рече Села.

Градоначалникот му посака успех во наредната борба на 3 октомври, кога Османоски треба да ја брани светската титула.

ип

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО