Сеќавање на Принс со К-1 темата

prince

Светот во 2016 година загуби уште еден голем музичар.

Иако овој портал не се занимава со музика, ќе му оддадеме почит на великанот преку неговата врска со кик боксот и неговите најславни денови.

Песната на Принс „Ендорфин машин“, К-1 ја користеше со години како свој тема.

Полицијата се ‘уште истражува деталите за смртта на 57-годишниот музичар. ТМЗ објави дека Принс шест дена пред смртта се предозирал со хероин, поради што неговиот авион принудно слетал во Илиноис. Неговиот претставник рече оти тогаш имал грип. Лекарите го советуваа да остане во болница 24 часа, но тој замина по три часа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО