Елмедин Сејфулаху, Минир Реџепи и Рамадан Мустафовски од денес ќе ги бранат боите на Македонија на Светското првенство за кадети во Сараево, Босна и Херцеговина.
Фиданчо Јованов не отпатува поради недостаток на пари.
Сејфулаху ќе се обиде да го подобри резултатот од Европското првенство во Суботица, Србија, каде што му избега бронзениот медал поради правилата, иако во одлучувачката борба се бореше нерешено.
ipon.mk/В.Д.