Сеишин викендов успешен на повеќе турнири (ФОТО)

seisin-so-bi-aktiv

Викендов џудистите на ЏК Сеишин освоија два медала на Меѓународниот турнир „Прилеп опен 2016“ – сребрен и бронзен, а истиот успех го повторија и во Грција на Меѓународниот турнир „Флипос“ во Аминдео.  

seisin-na-piedstal-prilep-open-2016

Кристијан Тошески (-73 кг) во пионерска конкуренција освои второто место, додека кадетот Марио Тошески (+90 кг) го освои бронзениот медал на „Прилеп опен“.

Во Грција успехот е уште поголем бидејќи Бобан Глигуроски (-81 кг) се закити со сребрен медал, а Кристијан Тошески кај пионерите го освои 3-то место.

Медалите се освоени во исклучително тешка конкуренција со натпреварувачи од клубови од преку 25 држави.

seisin-grcija-2016

„Исто така членот на Сеишин, Давид Везенкоски, кој од пред неколку месеци престојува во Шведска, каде што тренира во ЏК Норкопингс од истоимениот град, освои два златни медали во пионерска конкуренција до 73 кг. Првиот е на турнирот одржан на 25 септември во градот кај што тренира, а вториот златен медал е на Државното првенство на Шведска, кое се одржа на 1 октомври во Линденсбер во конкуренција над 200 тнатпреварувачи во пионерска конкуренција. Од клубот во Шведска е најавена дополнителна соработка со матичниот клуб Сеишин-Прилеп. Во моментот активностите на клубот се насочени кон подготвки на турнирот „Прилеп – град херој 2016“на 9 октомври“, вели тренерот Дејан Мицкоски.

Ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО