Сеишин освои две сребра и три бронзи во Грција!

Seisin vo Grcija kiomono

На Меѓународен турнир во џудо „Итаки-2015 – Матсура Куп“ во Солун, Грција, џудистите на Сеишин од Прилеп освоија два сребрени и тре бронзени медали во сениорска конкуренција.

Христијан Ѓураков (-75 кг) и Диме Ивчески (-66  кг) се втори во своите категории, а Алекснадар Апостолоски (-63 кг), Мартин Тодорчески (-59 кг) и Леонардо Насески (-55 кг) го освоија бронзените медали.

Seisin vo Grcija

Вчерашниот турнир го организираше на Џудо клубот „Иркалис“ од Солун, притоа учество зедоа околу 110 натпреварувачи од 15 клубови од Грција, Македонија, Бугарија, Србија и Велика Британија.

Од стручниот штаб на Сеишин се задоволни од остварените резултати, а со ова ја заокружуваат полусезоната од натпреварувачката 2015 година. До 3 август натпреварувачите ќе бидат на одомор, потоа клубот организира џудо камп во Охрид, кога практично започнуват подготовките за втората полусезона.

ipon.mk/В.Д.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО

IPON