Сеишин освои четири медали на „Куп Сребрено Језеро“

Денес во Велико Градиште, Србија, на Меѓународниот турнир во џудо „Куп Сребрено Језеро“ Сеишин освои 4 медали – 3 сребрени и 1 бронзен, а настапи со седум натпреварувачи.

Резултати поединечно:

  1. Борис Џагадуроски 2 ро место
  2. Теодора Димеска 2 ро место
  3. Магдалена Најдоска 2 ро место
  4. Димитри Џокоски 3 то место

„Останатите три натпреварувачи Немања Џагадуроски, Тамара и Теодора Илиоски прикажаа одлични борби со по една остварена победа во осмина и четвртфиналето не успеаја да изборат место на пиедесталот“, велат од Сеишин и додаваат:

„Сеишин е задоволен со оствареното и во наредниот период продолжува со подготовки за преостанатите меѓународни натпревари до крајот на првата полусезона“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО