Џудо клубот Сеишин од Прилеп од 15 до 17 јуни во соработка со ЏК Џунс од“ Нови Сад, Србија, организира тридневен Меѓународен џудо камп-семинар за помлади пионери и пионери „Прилеп 2018“.
Покрај нашите мајстори, дел од инструкторскиот тим се и проф.д-р Славко Обадов, носител на мајсторски појас 9 дан и тренер на Џунс, кој е и претседател на Дан комисијата при Џудо федерацијата на Србија и поранешен носител на Олимписки медал во џудо; Мирољуб Ничиќ 6 дан.
На овој камп покрај џудистите на Сеишин и гостите од Џунс, учество ќе земат џудисти уште од 10 клубови од Македонија, а семинарот ќе се одржи во ООУ „Кочо Рацин“ во Прилеп (во спортската сала).
Ipon.mk