Сеишин ги прогласи најдобрите џудисти за оваа година (ФОТО)

Џудо клубот Сеишин на последниот тренинг ги прогласи најдобрите натпреварувачи за натпреварувачката 2017 година на ниво на клубот.

Јуниорки: Александра Најдоска; Јуниори: Марио Тошески

Кадети: Марио Цинцароски

Пионерки: Леона Настоска; Пионери: Орде Трајкоски; Помлади пионерки: Теодора Тасеска;Помлади пионери: Андреј Сотироски

Деца девојчиња: Теа Настоска; Деца момчиња: Димитри Џокоски.

Најуспешен натпреварувач на клубот е Александра Најдоска.

Сеишин учествуваше на вкупно четири Државни првенства, пет меѓународни турнири и две балкански првенства (членови на клубот како претставници на репрезентацијата на Македонија). На овие првенства освоени се вкупно 92 медали (20 златни, 32 сребрени и 40 бронзени) и тоа 51 на меѓународно ниво и 41 на државно ниво.

Најзначаен успех е осовеното 3-то место на Балканското првенство за сениори од страна на јуниорката Александра Најдоска.

Во 2018 година клубот прославува два јубилеја: 15 години од формирањето и подготовки за 10.Меѓународен турнир во џудо „Прилеп град херој-2018“ по повод празникот „11 Октомври“.

Ipon.mk

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПОПУЛАРНО